Perspectives project – HTTPS подобрено и проширено

Дали знаеш дека твојот интернет прелистувач слепо им верува на над 650 CA (авторитети за сертификати) за да ти потврди дека https://gmail.com навистина е Gmail.com на Google серверите?

Тоа значи дека било кој од тие 650+ авторитети може да издаде сертификат зa gmail.com и твојот интернет прелистувач нема да ти пријави никаква грешка ако отидеш на сајтот што се преставува како gmail.com.

Perspectives проектот има цел да ја децентрализира проверката. Идејата е дека секој пат кога ќе посетиш некој https сајт, твојот прелистувач ќе ги праша Notary серверите (распоредени на различни локации) дали тие го гледаат истиот сертификат и колку време го гледале. Тоа ти потврдува дека никој помеѓу тебе и сајтот не ти го декриптира и изменува/гледа сообраќајот.

Ако сакаш да го користиш има додаток за Firefox.

Интересно кај Perspectives проектот е што има working верзија на notary сервер vo Python кој можеш сам да си го подигнеш ако нејќеш (или неможеш) да ги користиш постоечките 6 Perspectives notary сервери.

Јас неможам од сите места каде што сурфам да ги користам тие Notary сервери бидејќи опслужуваат на tcp 8080. Си подигнав свој сервер кој слуша на tcp 80. Ако сакаш можеш слободно да го користиш, ставајќи го како Notary сервер следново во додатокот за Firefox:

glisha.webfactional.com/perspectivesnotary
-----BEGIN PUBLIC KEY-----
MIHKMA0GCSqGSIb3DQEBAQUAA4G4ADCBtAKBrAFFBupTSd/AtfkxMh3M53GhiAr1
C2uCJJmPQHoOzFqkYDziHCekm55uEPrKOiri3qOfHdDB7zYUAHBv7bA5ozhaA+3y
JdJ6V97u4wxuPOy+IsojK2JHAgKhvF/I5d9l6d4b3fZqzeRNhlaMI20SZlleSzVL
XKgsrK+EQUfRunS1NzlZtl657noMM/MirWkfpc3iYnqX+7bkEDO5cm8PsA27BUMS
nujfPWDgVHUCAwEAAQ==
-----END PUBLIC KEY-----

Posted in безбедност | Tagged , , , , | Исклучени коментари

Wifi мрежи во Скопје

Благодарение на Стама кој ми позајми NaviLink Bluetooth GPS, бидејќи мојот USB неможеше да види доволно сателити си ја испробав желбата за мапирање на wifi мрежите во Скопје.

Значи на убунтуво инсталирав kismet и gpsd и се повозев низ центар на Скопје. Од суровите податоци што ги дава kismet со малава пајтон скрипта изгенерирав .json фајл од кој што оваа страница ги чита локациите на вифи мрежите кои kismet ги видел. Од некаде најдов како на Гугл мапата да цртам круг со центар и точка од кружницата. Како центар ги зимам координатите каде кисмет најсилно ја видел мрежата, а за радиус точката каде најслабо ја видел вифи мрежата.

Воопшто не е комплицирано и ако некој има GPS адаптер и сака да проба може да намине на Сподели знаење да пробаме заедно. Единствено нешто што приметив и поради што се откажав да го извозам цело Скопје е што местоположбата на вифи мрежите кога возиш со кола низ Скопје е по улиците што не е точно и за поточни податоците треба пешки да се шета.

Значи пак линкот со вифи мрежи во центарот на Скопје кај грчка амбасада.

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Ново регистрирани .мк домени

По идеја на Дамјан еве мал сајт кој ги кажува ново регистрираните .мк домени денеска.

Значи сајтот domejn.ot.mk ги листа денешните регистрирани домени во Марнет, плус прикажува гратис графици со историски податоци колку домени се регистрирани по датум и по тип. Нормално има RSS канал.

Користам python, beautifulsoup и pygooglechart, еве ги скриптите

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

РСС канали за time.mk

time.mk е интересен сајт кој ги собира вестите од мејнстрим интернет медиумите во Македонија и автоматски ги групира. За жал Time.mk сеуште немаат рсс канали за да може да се стават во Google Reader или како што јас сакам да ги користам со активни обележувачи во Фајрфокс.

Затоа направив мало сајтче кое ги собира вестите од time.mk и генерира рсс канали. Најмалку јас ќе си ги користам, со надеж дека и некому друг ќе му користат додека time.mk не направат свои.

Значи на сајтов timemk2rss.ot.mk има рсс канали генерирани од содржината на time.mk.

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Анализа на .мк домени и веб сервери поврзани со нив

Од јавно достапните податоци на Марнет и неколку сприптички за проверка на днс/веб серверите направив анализа на регистираните .мк домени.

Анализата содржи колку има регистрирани .мк домени според Марнет, како се зголемувал бројот на регистрирани домени, колку од нив се активни (имаат правилно поставени днс сервери), кои регистранти имаа мајмногу домени, кои сопственици на днс сервери опслужуваат најмногу .мк домени, кои главни домени имаат веб страна, кои веб сервери се користат да ги сервираат веб страните и сл.

На кратко има регистрирано 12773 домени од нив 11073 се активни. 54% од нивните главни веб страници ги опслужува некоја верзија на Microsoft IIS 40% некоја верзија на Apache

Може да го погледнете документот со анализата на регистрирани .мк домени во пдф, или оригиналната OpenOffice верзија..

Дел од скриптите со кои ја правев анализава ги има исто тука.

п.с. 2006 година УСАИД и Метаморфозис направиле слична анализа. Можда требаше да направам гугл срч пред да ја правам за да направам споредба со тие податоци, ама ај друг пат.

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Дали е Велигден?

Малку си поиграв и еве еден обид да помогнам на учениците од основните училишта кои оваа година почнаа да учат веронаука. Направив мало сајтче кои ќе им каже дали денеска е или не е Велигден.

http://www.dalieveligden.mk. Има и rss канал на кој може да се претплатиш и секој ден да бидеш известен дали денеска е Велигден или не.

Не дека е нешто ново: http://www.isitchristmas.com/, hasthelargehadroncolliderdestroyedtheworldyet.com/, http://isittuesday.com/

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Jabber/Gtalk бот речници од македонските интернет речници

По идеја на Александар направив jabber/gtalk ботови кои на внесен збор пробуваат да му најдат превод од онлајн речниците rechnik.on.net.mk или recnik.365.com.mk и да го вратат на тој што прашал. Интересни се за мобилни jabber IM клиенти.

Еве е листата на ботови кои може да ги додадете како контакти во вашите jabber клиенти (може да се додадат и во Google Chat/Gtalk). Да им прозборите збор по збор и да почекате да ви вратат одговор. Ако го враќаат истиот збор значи не нашле превод.


Бот Јазици
mk2en@jabber.org Македонски - Англиски
en2mk@jabber.org Англиски - Македонски
mk2al@jabber.org Македонски - Албански
al2mk@jabber.org Албански - Македонски
mk2gr@jabber.org Македонски - Грчки
gr2mk@jabber.org Грчки - Македонски
mk2de@jabber.org Македонски - Германски
de2mk@jabber.org Германски - Македонски
mk2sl@jabber.org Македонски - Словенечки
sl2mk@jabber.org Словенечки - Македонски

Можни се неколку подобрувања како на пример да бара прво во едниот па во другиот, на внесесни повеќе зборови/реченица да пробува да ги преведе еден по еден и сл. Затоа еве ја архивата со ботовите jabberrechnici.tar.gz па ако некој сака да ги имплементира тие работи и да дигне свои ботови/или да ми ги даде да ги пуштам јас/ слободно може. :-)

Инаку Google се разбира има подобри речници(т.е. преведувачи) на други јазици.

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Bluetooth сервис за добредојде во канцеларија

Во Рамстор и пред Бисер имало демек bluetooh зона и на сите мобилни во близина им праќало разни сликички.

Направив мало python програмче за на работа кое го прави истото, па може на некој ќе му користи. Плус ќе биде интересно да добијам повратни информации како функционира со разни модели на мобилни. Му треба компјутер со Linux и bluetooth адаптер. Linux може да се најде било каде, а во Анхоч има донгле за 350 денари што си работи супер.

Значи, работи континуирано и на сите bluetooth уреди во близина кои ги гледа првпат им праќа контакт информации (vcard.vcf). Секој следен пат кога ќе види ист уред му праќа некоја случајна сликичка за позадина.

Во архивата има procitaj.txt со информации кои библиотеки му требаат и како работи.

Архивата: bluetooth_dobredojde.tar.gz. Околу 300 слики од zedge.com: sliki_zedge_com.tar.gz

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Дирекција за заштита на лични податоци

Сакав да се информирам кои ми се правата ако во некоја државна институција не ме пуштат да влезам ако одбијам да дадам лична карта или мобилен телефон да ми ги „чува“ портирот додека не излезам, пошто во последно време нон-стоп има информации од Дирекцијата што не учат на нашите права, што ми се допаѓа.

Отидов на сајтот на Дирекција за заштита на лични податоци и око ми фати линкот „Заштита на приватност“.

Почнав да го читам и си реков види баш убаво напишан текст и почна да ми влева доверба дека знаат што прават. Стигнав до претпоследниот пасус:

Сепак, податоците на наште сервери не се чуваат подолго од ??? дена.

Прашалниците и печатната грешка се нивни, не мои. Се насмеав, и си реков тој што го пишувал забравил да праша колку време се чуваат па ај си викам ништо страшно.Продолжив да го читам последниот пасус за колачиња кои страната на Дирекцијата ги праќа и ги чита од мојот прелистувач.

На страната на Дирекцијата има само таков тип на "Cookies" што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои остануваат снимени на вашиот компјутер со години, па и децении.

Еј топ! Баш културно од нивна страна што ми праќаат колачиња што истекуваат на крај на сесија и што не ги чуваат со децениии како оние лошите сајтови.

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари

Брз хак на planet.softver.org.mk

Постов е за тие што ја читаат планетава преку РСС да приметат дека има нова работа. :)

Брз javascript хак кој овозможува за тие што ја следат планетата во прелистувач да можат да одберат кои автори ќе ги читаат. Лево од имињата на жителите има минус кој кога ќе се кликне ќе ги тргне статиите од тој автор за оваа и сите следни посети.

За жал начинот на кој што работи PlanetPlanet, софтверот зад нашава Планета, е малку ограничувачки за пофино одбирање кои автори ќе ги следи секој посетител и преку RSS. PlanetPlanet на одреден период ги чита фидовите на сите жители и формира статички html и rss страници па барем јас немам идеја како тоа лесно и брзо да се реши. Ако никој нема сега идеја(читај готов patch) како тоа да се направи, ќe бараме начин кога ќе имаме ептен, ептен многу жители. :)

Posted in оригиналниот УЕБ | Исклучени коментари