Брз хак на planet.softver.org.mk

Постов е за тие што ја читаат планетава преку РСС да приметат дека има нова работа. :)

Брз javascript хак кој овозможува за тие што ја следат планетата во прелистувач да можат да одберат кои автори ќе ги читаат. Лево од имињата на жителите има минус кој кога ќе се кликне ќе ги тргне статиите од тој автор за оваа и сите следни посети.

За жал начинот на кој што работи PlanetPlanet, софтверот зад нашава Планета, е малку ограничувачки за пофино одбирање кои автори ќе ги следи секој посетител и преку RSS. PlanetPlanet на одреден период ги чита фидовите на сите жители и формира статички html и rss страници па барем јас немам идеја како тоа лесно и брзо да се реши. Ако никој нема сега идеја(читај готов patch) како тоа да се направи, ќe бараме начин кога ќе имаме ептен, ептен многу жители. :)

Овој запис беше напишан во оригиналниот УЕБ. Обележи го трајниот линк.