Кајмакот – популарни македонски статии.

Пред некоја недела учев веб програмирање со Џанго(Django) па земав да правам web 2.0 сајтче како Digg, Krtica.ba за пријавување, гласање, споделување и популаризирање на интересни интернет статии.

Па ете го поставено на интернет и се вика Кајмакот (кајмакот испливува на површина на млекото - како што е идејата да испливуваат популарните статии).

Регистрирањето е брзо и едноставно па можете да се регистрирате за да пријавувате интересни статии и да гласате за веќе пријавените за да дојдат до израз. Идејата ми е да се пријавуваат и популаризираат македонски содржини, но во крајна линија тоа ќе биде на корисниците да одлучат кои статии ќе ги пријавуваат и за кои ќе гласаат да искочат на главната страница.

Се разбира критики, забелешки и идеи се добредојдени!

Овој запис беше напишан во оригиналниот УЕБ. Обележи го трајниот линк.