Wifi мрежи во Скопје

Благодарение на Стама кој ми позајми NaviLink Bluetooth GPS, бидејќи мојот USB неможеше да види доволно сателити си ја испробав желбата за мапирање на wifi мрежите во Скопје.

Значи на убунтуво инсталирав kismet и gpsd и се повозев низ центар на Скопје. Од суровите податоци што ги дава kismet со малава пајтон скрипта изгенерирав .json фајл од кој што оваа страница ги чита локациите на вифи мрежите кои kismet ги видел. Од некаде најдов како на Гугл мапата да цртам круг со центар и точка од кружницата. Како центар ги зимам координатите каде кисмет најсилно ја видел мрежата, а за радиус точката каде најслабо ја видел вифи мрежата.

Воопшто не е комплицирано и ако некој има GPS адаптер и сака да проба може да намине на Сподели знаење да пробаме заедно. Единствено нешто што приметив и поради што се откажав да го извозам цело Скопје е што местоположбата на вифи мрежите кога возиш со кола низ Скопје е по улиците што не е точно и за поточни податоците треба пешки да се шета.

Значи пак линкот со вифи мрежи во центарот на Скопје кај грчка амбасада.

Овој запис беше напишан во оригиналниот УЕБ. Обележи го трајниот линк.