Анализа на .мк домените

Незнам зашто ми е ова интересно, но во 2008 ја направив анализава на .мк домените, после тоа и сајтот кој ги кажува новорегистрираните .мк домени дента достапен на domejn.ot.mk.

Сега после 4 години во Хаклаб направив повторно анализа на .мк домените од јавно достапните податоци за нив. Накратко, заклучно со март месец, имаше регистрирано 22.404 .мк домени. Од нив 17.094 имаат SOA запис во ДНС, од кои пак 14.890 имаат некаква IP адреса асоцирано со главниот или www домен. МКХост има најмногу домени регистирано на негово име, Телеком го хостира ДНС-от на најмногу домени, а Apache httpd е најбројниот веб сервер од тие што објавуваат во http хедерите на што сервер се хостирани.

Може да ја погледнеш целата во документот со анализата на регистрирани .мк домени 2012 во пдф, или оригиналните LibreOffice документи.

Kратко упатство како ја правев има на викито, тука е и couch базата со домените+дополнителните проверки може да ја симнеш и да си правиш проверки offline. Скриптите за дополнителните проверки и анализата се на gist, а crawler-от за Марнет е на Дамјан.

Слични анализи имаат направено и Метаморфозис во 2006 и MCMS во 2010.

Овој запис беше напишан во хаклаб. Обележи го трајниот линк.