Горната лента на time.mk и blogirame.mk е лоша

Time.mk и blogirame.mk се интересни сајтови кои агрегираат содржини низ интернет.мк и ги класифицираат, што овозможува поголема публика. И двата неспорно додаваат вредност на мојот сајт ако го има на нивните страници.

Но, кога некој посетител ќе кликне на линк кој води на моја страница, не го носат директно туку го носат на нивните сервери и во iframe го вчитуваат мојот сајт, ставајќи горе лента.

Ова е лошо за посетителите и за сопствениците:
1. Jа расипуваат адресата на мојот сајт и рангот.
Ако посетителот сака да ја сподели адресата го споделува урл-то од time.mk или blogirame.mk, не од мојот сајт. И копчињата за споделување на социјалните мрежи што се ставени во таа лента ја споделуваат статијата со нивниот линк не со оригиналниот.

Тоа значи дека Гугл и сличните интернет пребарувачи кои ќе дојдат до тие линкови ќе мислат дека мојот сајт е помалку битен од нивниот – за моја содржина.

Ова time.mk и blogirame.mk(blogirame.mk веќе го имплементираа) може да го решат ако стават, задржувајќи ја лентата:

 <meta name="robots" content="noindex, nofollow">
 <link rel="canonical" href="[ADRESA_DO_ORIGINALNATA_STRANICA]" />

Така Гугл и другите слични пребарувачи ќе знаат дека не треба да ја кешираат и бодуваат нивната верзија туку оригиналната.

2. Знаат точно што правам на сајтовите кои како посетител ги посетувам од нивните страници.
Како посетител ако продолжам да сурфам во тој прозор, time.mk и blogirame.mk ќе знаат точно што правам на тој сајт и на сите надворешни линкови кои ќе ги посетам во тој прозор.

Ова немам идеја како тие да го решат освен да ја сменат одлуката да ставаат горна лента на сите линкови кои посетителите ги кликнуваат. Google News чиј клон е time.mk нема таква лента туку те носи директно на оригиналната страница.

Јас на мојот сајт може да ставам, јава-скрипта која ќе го трга:

<script language=”javascript” type=”text/javascript”>
if (parent.frames.length > 0) {
 parent.location.href = self.document.location
}
</script>
Овој запис беше напишан во интернетот. Обележи го трајниот линк.