Тивок биторент клиент

Сега имам тивок биторент клиент за по дома. Клучниот збор е тивок. За да симнам некој торент немора да имам упалено компјутер со напојување од катаљарда децибели.

На TP-Link рутерот врзувам usb стик на кој се симнуваат торентите, преку samba ги споделувам на другите компјутери што ми се во мрежа.

Што ми требаше?

  • TP-Link WR842ND
  • USB стик
  • OpenWRT како оперативниот за рутерот
  • Transmission-daemon како Торент клиент

TP-Link WR842ND го има во СЕТ за 1890 денари. Има една USB порта, две антени што се вадат, 8MB flash и 32MB рам. За 1490 денари има и TL-MR3220 (исто со УСБ) кој најверојатно исто ќе работи, со таа разлика што има 4МБ флеш на кој се инсталираа работи и ќе треба да се стиснат работите или да се инсталираат на екстерниот usb стик.

Како го направив?
1. Прво ја ставив последната верзија на Openwrt за WR842ND. Оваа е баш таа што ја ставив и ми работи, но претпоставувам дека ако има понова на openwrt сајтот ќе работи и таа.

Паметно е да се прочита OpenWRT викито која е последната верзија што работи и детално постапка за инсталација на новиот openwrt фирмвер и првична конфигурација (ssh, wifi…)

Откога ја направив основната конфигурација на рутерот (ssh пристап, wifi…) почнав да ги инсталирам дополнителните програми за клиент.

2. На УСБ стикот правам една партиција и ја форматирам во ext2. ext2 би требало да е побрзо од ext3/4, единствено нема journal па може да се корумпира при нагло гасење ама не е битно. Ова го правам на друг компјутер да не инсталирам fdisk непотребно на openwrt-то.

 fdisk /dev/sda
 mkfs.ext2 /dev/sda1

После на рутерот го конфигурирав усб стикот да се монтира при бутирање со fstab.

 opkg install block-mount
 /etc/init.d/fstab enable
 /etc/init.d/fstab start
 mkdir /mnt/usbstick

Во /etc/config/fstab додадов:

config 'mount' 
    option 'device' '/dev/sda1'
    option 'options' 'rw,sync,noatime'
    option 'enabled_fsck' '0'
    option 'enabled' '1'
    option 'target' '/mnt/usbstick'

3. Рутерот ми се ресетираше кога ќе пуштев некој торент бидејќи му снемуваше меморија, па на усб стикот додадов и swap за да биде постабилен.

Да направам swap во датотека:

 opkg install swap-utils
 dd if=/dev/zero of=/mnt/usbstick/swap count=512 bs=1M
 mkswap /mnt/usbstick/swap
 swapon /mnt/usbstick/swap

Да се пали на бутирање во /etc/config/fstab:

 config 'swap'
    option 'device' '/mnt/usbstick/swap'
    option 'enabled' '1'

3. Инсталирав Transmission конзолен биторент клиент по упатството на Openwrt.

 opkg install transmission-daemon
 opkg install transmission-remote

Потоа во /etc/config/transmission ги сменив овие параметри, другите си се default:

 option config_dir '/mnt/usbstick/transmission'
 option download_dir '/mnt/usbstick/torenti'
 option rpc_whitelist '127.0.0.1,192.168.1.*'
 option umask 0

Transmission може да се контролира со Transmission-remote-GUI или со transmission-remote-cli во конзола.

После инсталирав samba и направив share на усб стикот.

 opkg install samba36-server
 /etc/init.d/samba enable
 /etc/init.d/samba start
 mkdir /mnt/usbstick/torenti
 chmod 777 /mnt/usbstick/torenti

Во /etc/config/samba:

 config samba
        option 'name'                   'ruterot'
        option 'workgroup'              'WORKGROUP'
        option 'description'            'ISOs'
        option 'homes'                  '0'

config 'sambashare'
        option 'read_only' 'no'
        option 'create_mask' '0700'
        option 'dir_mask' '0700'
        option 'name' 'torenti'
        option 'path' '/mnt/usbstick'
        option 'guest_ok' 'yes'

Тоа е тоа.

Овој запис беше напишан во интернетот, хаклаб. Обележи го трајниот линк.