Дали е Велигден?

Малку си поиграв и еве еден обид да помогнам на учениците од основните училишта кои оваа година почнаа да учат веронаука. Направив мало сајтче кои ќе им каже дали денеска е или не е Велигден.

http://www.dalieveligden.mk. Има и rss канал на кој може да се претплатиш и секој ден да бидеш известен дали денеска е Велигден или не.

Не дека е нешто ново: http://www.isitchristmas.com/, hasthelargehadroncolliderdestroyedtheworldyet.com/, http://isittuesday.com/

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Дали е Велигден?

Jabber/Gtalk бот речници од македонските интернет речници

По идеја на Александар направив jabber/gtalk ботови кои на внесен збор пробуваат да му најдат превод од онлајн речниците rechnik.on.net.mk или recnik.365.com.mk и да го вратат на тој што прашал. Интересни се за мобилни jabber IM клиенти.

Еве е листата на ботови кои може да ги додадете како контакти во вашите jabber клиенти (може да се додадат и во Google Chat/Gtalk). Да им прозборите збор по збор и да почекате да ви вратат одговор. Ако го враќаат истиот збор значи не нашле превод.


Бот Јазици
mk2en@jabber.org Македонски - Англиски
en2mk@jabber.org Англиски - Македонски
mk2al@jabber.org Македонски - Албански
al2mk@jabber.org Албански - Македонски
mk2gr@jabber.org Македонски - Грчки
gr2mk@jabber.org Грчки - Македонски
mk2de@jabber.org Македонски - Германски
de2mk@jabber.org Германски - Македонски
mk2sl@jabber.org Македонски - Словенечки
sl2mk@jabber.org Словенечки - Македонски

Можни се неколку подобрувања како на пример да бара прво во едниот па во другиот, на внесесни повеќе зборови/реченица да пробува да ги преведе еден по еден и сл. Затоа еве ја архивата со ботовите jabberrechnici.tar.gz па ако некој сака да ги имплементира тие работи и да дигне свои ботови/или да ми ги даде да ги пуштам јас/ слободно може. :-)

Инаку Google се разбира има подобри речници(т.е. преведувачи) на други јазици.

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Jabber/Gtalk бот речници од македонските интернет речници

Bluetooth сервис за добредојде во канцеларија

Во Рамстор и пред Бисер имало демек bluetooh зона и на сите мобилни во близина им праќало разни сликички.

Направив мало python програмче за на работа кое го прави истото, па може на некој ќе му користи. Плус ќе биде интересно да добијам повратни информации како функционира со разни модели на мобилни. Му треба компјутер со Linux и bluetooth адаптер. Linux може да се најде било каде, а во Анхоч има донгле за 350 денари што си работи супер.

Значи, работи континуирано и на сите bluetooth уреди во близина кои ги гледа првпат им праќа контакт информации (vcard.vcf). Секој следен пат кога ќе види ист уред му праќа некоја случајна сликичка за позадина.

Во архивата има procitaj.txt со информации кои библиотеки му требаат и како работи.

Архивата: bluetooth_dobredojde.tar.gz. Околу 300 слики од zedge.com: sliki_zedge_com.tar.gz

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Bluetooth сервис за добредојде во канцеларија

Дирекција за заштита на лични податоци

Сакав да се информирам кои ми се правата ако во некоја државна институција не ме пуштат да влезам ако одбијам да дадам лична карта или мобилен телефон да ми ги „чува“ портирот додека не излезам, пошто во последно време нон-стоп има информации од Дирекцијата што не учат на нашите права, што ми се допаѓа.

Отидов на сајтот на Дирекција за заштита на лични податоци и око ми фати линкот „Заштита на приватност“.

Почнав да го читам и си реков види баш убаво напишан текст и почна да ми влева доверба дека знаат што прават. Стигнав до претпоследниот пасус:

Сепак, податоците на наште сервери не се чуваат подолго од ??? дена.

Прашалниците и печатната грешка се нивни, не мои. Се насмеав, и си реков тој што го пишувал забравил да праша колку време се чуваат па ај си викам ништо страшно.Продолжив да го читам последниот пасус за колачиња кои страната на Дирекцијата ги праќа и ги чита од мојот прелистувач.

На страната на Дирекцијата има само таков тип на "Cookies" што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои остануваат снимени на вашиот компјутер со години, па и децении.

Еј топ! Баш културно од нивна страна што ми праќаат колачиња што истекуваат на крај на сесија и што не ги чуваат со децениии како оние лошите сајтови.

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Дирекција за заштита на лични податоци

Брз хак на planet.softver.org.mk

Постов е за тие што ја читаат планетава преку РСС да приметат дека има нова работа. :)

Брз javascript хак кој овозможува за тие што ја следат планетата во прелистувач да можат да одберат кои автори ќе ги читаат. Лево од имињата на жителите има минус кој кога ќе се кликне ќе ги тргне статиите од тој автор за оваа и сите следни посети.

За жал начинот на кој што работи PlanetPlanet, софтверот зад нашава Планета, е малку ограничувачки за пофино одбирање кои автори ќе ги следи секој посетител и преку RSS. PlanetPlanet на одреден период ги чита фидовите на сите жители и формира статички html и rss страници па барем јас немам идеја како тоа лесно и брзо да се реши. Ако никој нема сега идеја(читај готов patch) како тоа да се направи, ќe бараме начин кога ќе имаме ептен, ептен многу жители. :)

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Брз хак на planet.softver.org.mk

Записничарот на #lugola

Еве го на интернет записничарот за ирц каналот #lugola (на irc.freenode.org) -> irclogger.softver.org.mk, благодарение на Дамјан и Уфо како и за Кајмакот.

Софтверот е изменета верзија на irclogger кој води записник за #django и записничарот на #razmjenavjestina.

Изворниот код на оваа верзија, ако некој има желба, се вика „Записничарот“.

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Записничарот на #lugola

Сподели знаење 11 – GRUB splashimages

Еве за тие што беа на Сподели знаeње 11, ги стаив груб сликите (3MB). Има некаде 90 слики, повеќете се од интернет што сум ги собирал а има некои јас што сум ги правeл.

Таму се и скриптите во bash и python кои би ја менувале при секое бутирање сликата на Груб. Има и коментари во нив што кое прави.

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Сподели знаење 11 – GRUB splashimages

Кајмакот – додаток за Фајрфокс за пријавување статии.

Направив додаток за Фајрфокс за да може полесно да се пријавуваат статии на Кајмакот.

Еве кој сака може да го инсталира.

Кога ќе се инсталира се овозможува кратенката ALT+K која носи директно на врската за пријавување статии со веќе внесена адреса на статијата. За тие што не користат кратенки има и ставка во Алатки(Tools) менито, во менито на десен клик и во Алатникот(Toolbar)

Работи сигурно на Firefox 2.0.0.3 (linux, windows, mk, en) и на 1.5.0.9 (windows en). Ако примети некој дека не работи знаете како да ме најдете. :)

Исто пред некој ден по сугестија на Миша направив и копчиња кои можат авторите на вебсајтови да ги стават кај себе. Покрај Миша кој ги стави дугмињата со број на гласови, Гудбајтс и Гоце направија врски со сликичка за директно објавување на нивните блогозаписи. Супер! :)

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Кајмакот – додаток за Фајрфокс за пријавување статии.

Кајмакот – популарни македонски статии.

Пред некоја недела учев веб програмирање со Џанго(Django) па земав да правам web 2.0 сајтче како Digg, Krtica.ba за пријавување, гласање, споделување и популаризирање на интересни интернет статии.

Па ете го поставено на интернет и се вика Кајмакот (кајмакот испливува на површина на млекото - како што е идејата да испливуваат популарните статии).

Регистрирањето е брзо и едноставно па можете да се регистрирате за да пријавувате интересни статии и да гласате за веќе пријавените за да дојдат до израз. Идејата ми е да се пријавуваат и популаризираат македонски содржини, но во крајна линија тоа ќе биде на корисниците да одлучат кои статии ќе ги пријавуваат и за кои ќе гласаат да искочат на главната страница.

Се разбира критики, забелешки и идеи се добредојдени!

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Кајмакот – популарни македонски статии.

Хармониски осцилации.

Криво ми е само што, иако мислам дека сум барем малку инжињерски тип, повеќе ми се свиѓа објаснувањето за „обичните“ луѓе. :)

1. За инжињери.


2. За сите останати.

Објавено во оригиналниот УЕБ | Comments Off on Хармониски осцилации.